АТП Мастерс Рим

Ѓоковиќ го освои Рим и пак е сам на врвот на вечната листа за освоени Мастерс 1000 турнири

Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Мастерс турнирот во Рим, овој пат во финалето го победи Диего Шварцман со 2-0 во сетови. 

Новак Ѓоковиќ освои уште еден голем трофеј во својата кариера, овој пат го освои Мастерсот во Рим победувајќи го Шварцман со 7-5 и 6-3.
 
Ова беше 36. Мастерс 1000 титула за Ѓоковиќ со која повторно е осамен на вечната листа, Надал има 35.
 
„Не мислам дека го играв мојот најдобар тенис на турнирот, но го наоѓав моето најдобро ниво кога беше потребно“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе