Лига на шампиони

Георгиевски: Против Порто мора да играме подобро во нападот

Утре Вардар му гостува на Порто во меч од Лигата на шампионите, а Гоце Георгиевски вели дека мора да се подобри играта во нападот. 

Утре со почеток од 20:45 Вардар игра меч од Лигата на шампионите, црвено-црните му гостуваат на Порто.
 
„Натпреварот со Порто ќе биде тежок. Тоа е прв меч во Лигата на шампионите по паузата. Познат ни е противникот, игравме со нив во Скопје, ја имавме победата во раце, но на крајот примивме гол и ја испуштивме“, вели Георгиевски.
 
Тоа е една квалитетна екипа. Ја анализиравме нашата игра од претходниот натпревар со нив, доста игираа седум на шест тука, мислам дека повторно ќе играат така, но ние ќе се подготвиме“.
 
„На првиот меч во Скопје правевме грешки во нападот, мора да внимаваме на тоа, одбраната горе долу беше добра. Нападот мора да го подобриме“.
 
„Имаме густ распоред, потоа ни доаѓаат ПСЖ и Фленсбург, но за нас најважно е сега да се фокусираме на Порто. Многу е важно да извадиме поволен резултат“.
 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе