Лига на шампиони

Георгиевски пред мечот со Фленсбург: Еден месец немавме натпревар, не знаеме во каква форма сме

Ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски вели дека хендикеп за црвено-црните е тоа што цел месец се без натпревар но и покрај тоа ќе се обидат да дојдат до триумф над Фленсбург. 

Поради одложувањата на мечевите против Елверум и ПИК Сегед, Вардар веќе долго време нема официјален натпревар. Утре конечно имаат меч од Лигата на шампионите, во Скопје го пречекуваат тимот на Фленсбург.
 
„Ни доаѓа Фленсбург, добро познат противник, во добра форма, сите гледаат како игра оваа сезона, имаат многу натпревари, во добра серија и во довар ритам се. Нам ќе ни биде потешко од таа гледна точка затоа што месец дена немаме натпревар. Ни останува она што се подготвуваме да го преточиме на терен и да го направиме она што сме го направиле во тренинзите. Мислам дека Фленсбург е една екипа која е незгодна во транзиција, нападот им е многу добар, многу брз. Тешко е, месец дена немаме натпревар и сега не знаеме каде сме. Не знаеме точно до каде ни е формата, овој меч тоа ќе ни го покаже. Очекувањата секако се поволен резултат, играме на домашен терен првпат оваа сезона. Останува да се бориме максимално ангажирано и дисциплинирано и да извлечеме позитивен резултат“, вели Георгиевски.
 
Мечот меѓу Вардадр и Фленсбург се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе