РК Вардар

Георгиевски: Мотор е силен противник, ова е важен натпревар за нас

По победата над Елверум во Лигата на шампионите, Вардар има нов предизвик, овој пат во СЕХА лигата се среќава со Мотор Запорожје. 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961
Георгиевски смета дека иако станува за меч од СЕХА лигата, натпреварот е важен за самодовербата на Вардарци, а Мотор е квалитетен тим за кој мора добра подготовка.
 
„Ни следува натпревар со Мотор Запорожје во друго натпреварување. Ова е тежок период, бидејќи месецов одигравме доста натпревари. Знаевме дека ќе биде вака, го очекувавме овој период, но како и за нас така и за другите е исто. Постојано сме во подготовки, тренинзи, патувања, натпревари“, вели Георгиевски. 
 
„Мотор е сериозен ривал, кој игра добро во Лигата на шампиони и се наоѓа на 3.место во својата група. Од она што можевме да го видиме, се работи за екипа која трча многу и постигнува голови. Квалитетен ривал, која може да ни биде и потенцијален ривал во осминафиналето во Лигата на шампиони. Може секој да ни биде ривал. Мора добро да се подготвиме. Се работи за СЕХА-лига, но секој натпревар има своја тежина и секоја победа носи поголема самодоверба и подобра атмосфера. Ова е важен натпревар за нас и се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе дојдеме до поволен резултат“. 

Легенда под Главна слика

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе