Македонија - Словенија

Фуриозен финиш и неколку фантастични одбрани на Митревски за реми по првото полувреме

Со одлична игра и неколку фантастични интервенции на Никола Митревски во финишот од второто полувреме, Македонија има 11-11 по првото полувреме со селекцијата на Словенија.

Македонија тешко го почна мечот, првиот гол од игра го постигнавме дури во 13. минута од натпреварот, претходно Кире Лазаров со два гола од пенал не одржуваше во игра.

Голманот на Словенија Скок беше голема пречка за нашите ракометари во најголем дел од првото полувреме, нанижа дури 10 интервенции.

Словенија ја имаше предноста во речиси целиот меч, клучниот потег на Раул беше повлекувањето на Борко Ристовски и ставањето на Никола Митревски кој имаше фантастични итнервенции, вкупно седум кои и донесоа реми на Македонија.

Кире Лазаров со пет гола е најефикасен наш ракометар во првото полувреме, Манасков има два, по еден Стоилов, Талески, Филип Лазаров и Прибак.

 

 

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе