СП ФРАНЦИЈА 2017

Франција тргна моќно, домаќинот го понижи Бразил

Франција одигра супериорен натпревар на стартот од Светското првенство, домаќините го победија Бразил со 31:16. 

Франција буквално го понижи Бразил во првиот меч на Светското првенство. Актуелниот светски шампион покажа доминантна игра и му одржа ракометна лекција на противникот.
 
Натпреварот во ниту еден момент не беше неизвесен, првото полувреме заврши со дури десет голови разлика, 17:7. Во второто полувреме Франција ја пушти и втората постава која исто така беше супериорна над Бразил.
 
Бразилците не успеаа да најдат решение за голманскиот тандем на Франција. Во првиот дел Тери Омејер имаше неверојатни 15 одбрани, во второто полувреме маестрален беше и Жерар Винсент кој постигна и гол.
 
Најефикасен во победничката репрезентација беше Порт со шест голови, дури пет играчи постигнаа по три гола Никола Карабатиќ, Гигу, Нарцис, Ниокас и Дипанда. Кај Бразил Толедо постигна пет погодоци.
 
Дел од бразилската селекција беше и Вардарецот Рожеиро кој денеска го славеше и 23. роденден. Пикерот не успеа да постигне гол.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе