Данска доминираше во најголем дел од мечот, повеќе пати видеше и со пет голови разлика, не изгледаше дека Франција може да го добие овој меч, но на крајот токму тоа се случи.
Франција губеше со 22-27 и тогаш почна една луда серија од 8-2 со која на крајот дојде до победа од 30-29 со која не само што отиде во полуфиналето туку и го освои првото место во групата.
Губитник на вечерта е Исланд кој чекаше Франција да го загуби вечерашниот меч, но за нивна жал не дочека.
Во полуфиналето Франција ќе игра против Шведска, а Данска со Шпанија.