СП 2019

Франција е пресилна за Србија

Светскиот шампион Франција со одлична игра во второто полувреме убедливо ја победи Србија со 32:21.

Србија и пружи отпор на Франција во првото полувреме, но во вториот дел Французите покажаа кој е кој во моментов во ракометот.
 
Натпреварот беше изедначен на почетокот, а на одморот се замина со предност на Франција од три разлика 15:12. Но во вториот дел беше поинаку, Србите постигнаа само девет голови за разлика од Французите кои дадоа 17 за победа од 32:21.
 
Најефикасни во составот на Франција беа Ремили и Фабрегас со по пет голови, кај Србите Радивојевиќ даде шест погодоци.
 
Претходно во оваа група Германија го растури Бразил со 34:21, а Русија беше подобра од Кореја со 34:27.
 
Денеска се играа и натпревари од групата Ц, Данска немаше милост за Тунис, победи со 36:22, Норвешка беше уште поубедлива против Саудиска Арабија победувајќи со 40:21, најголемото изненадување го направи Чиле кој со 32:24 ја совлада Австрија.
 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе