Ново засилување за шампионот

Филип Талески е нов ракометар на Вардар!

Македонскиот репрезентативец Филип Талески е ново засилување на Вардар, тој потпиша едногодишен договор со црвено-црните. 

Филип Талески се враќа во Македонија, од денеска тој е нов ракометар на Вардар. 
 
Играчот кој беше „дете“ на Металург, стави потпис на едногодишен договор со Вардар и од следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.
 
Новото раководство на Вардар го креира тимот за идната сезона, ако по утрото се познава денот црвено-црните ќе бидат силни уште долго време.
 
Покрај Талески потврден е и францускиот голман Рибин Кантегрел, а договорите ги обновија Стоилов, Дибиров, Дисингер, Чупиќ и Калараш, за Вардар потпиша и Јагуриновски. 
 
Вардар се поврзува уште со неколку квалитетни засилувања како, па во наредниот период се очекуваат уште позитивни вести од таборот на актуелниот европски шампион.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе