СП 2019

Филип Лазаров: Промашивме многу зицери, а кога тоа ќе се случи против Хрватска...

Филип Лазаров вели дека ракометарите не одговориле на задачата поставена од Раул Гонзалес, а Хрватска е селекција која знае тоа да го казни. 

Македонија целиот меч го играше со тактика „седум на шест“, и тоа го правеше релативно добро, се создаваа шанси, но затаи реализацијата.
 
„Бевме во игра можеби до 50 мин, но не го одигравме мечот онака како што треба. Промашувавме зицери, празни голови, правевме грешки. Требаше да одиграме перфектен меч за да го добиеме, но таков одиграа Хрватите кои покажаа дека се поквалитетни од нас. Ние не го исполнивме тоа што требаше, тоа што се договоривме, но тоа е тоа. Одиме понатаму, нашата цел останува иста, пласман во следната фаза“, изјави Филип Лазаров.
 
Следниот натпревар на Македонија е против Шпанија во среда со почеток од 20:30 часот.
 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе