Веспрем оди во Келн

Феноменален гол на Дејан Манасков, летна по топката и ја смести во мрежата на Фленсбург (ВИДЕО)

Веспрем и по втор пат го совлада Фленсбург и стана првиот патник на фајнл-фор турнирот во Келн, а Дејан Манасков го постигна најинтересниот гол на натпреварот.

Веспрем го победи Фленсбург со 29:25 и обезбеди место на завршниот турнир во Келн.
 
Дејан Манасков постигна прекрасен погодок, многумина помислија дека топката е загубена, но тој скокна по неа и ја смести во мрежата на Фленсбург.
 
Погодокот им се допадна и на медиа тимот на ЕХФ, па го извадија како посебно видео на социјалните мрежи.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе