СЕХА лига

Фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата е одложен на неопределено време

Поради актуелната состојба со коронавирусот СЕХА лигата го одложи завршниот турнир кој требаше да се игра од 3 до 5 април оваа година во Задар. 

Како што и се очекуваше завршниот турнир во СЕХА лигата нема да се игра во предвидениот термин.
 
Денеска раководството на лигата излезе со официјално соопштение во кое го потврди одложувањето на турнирот.
 
„Како што и претходно знаете, градот Задар беше избран за домаќин на СЕХА Газпром фајнл-фор турнирот од 3 до 5 април 2020. Како и да е, поради моменталната ситуација во Европа, од објективни причини, извршниот комитет на СЕХА лигата одлучи да го одложи завршниот турнир на неопределено време. СЕХА секојдневно ќе продолжи да ја следи ситуацијата и сите ќе бидат навремено информирани за следните одлуки“, стои во соопштението на СЕХА.
 
Вардар е актуелен шампион во регионалната лига, македонскиот тим го брани трофејот во СЕХА лигата. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе