ЕП Хрватска 2018

Европското првенство почна со изненадување, Исланд ја победи Шведска

Стартуваа натпреварите од 13. Европско ракометно првенство, Шведска која важеше за голем фаворит против Исланд немаше пријатен почеток, Белорусија ги запиша планираните бодови против Австрија.

Во сенка на шлагот на првиот ден, дуелот помеѓу Хрватска и Србија, се одиграа првите натпревари на Европското првенство. Исланд ја победи Шведска со 26:24, Белорусија славеше над Австрија со 27:25.
 
Швеѓаните очекуваа сигурен триумф против Исланд за кој се тврдеше дека ја нема моќта од минатото, но денеска на теренот не изгледаше така. По првите 30 минути имаа дури седум голови разлика 15:8, Шведска се обиде да се врати во вториот дел, но само успеа да го ублажи поразот на конечни 26:22.
 
Олаф Гудмундсон со седум гола беше најефикасен во селекцијата на Исланд, по пет реализираа Карасон, Сигурдсон и Гунарсон. Во составот на Шведска Готфридсон постигна шест погодоци.
 
Во групата Б во еден тесен меч Белорусија со 27:26 ја победи Австрија и дојде до планираната победа на стартот од првенството. Кулеш со седум погодоци беше најдобриот играч на Белорусија, Билик за Австрија постигна осум.
 
 
 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе