СЕХА лига

Еурофарм со висок пораз се враќа од Унгарија, Веспрем изгледаше моќно

Веспрем му врати на Еурофарм за поразот во Битола, унгарскиот тим денеска победи со двоцифрена разлика 35:24. 

Еурофарм Работник доживеа тежок пораз на гостувањето кај Веспрем. Дека го очекува лоша вечер македонскиот тим виде уште на стартот. Веспрем на почетокот направи предност од 6-0, а Битолчани првиот гол го дадоа во деветата минута.
 
На полувремето се замина со предност од 17:10 за Веспрем. Во второто полувреме домаќинот само ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со 35:24.
 
Петровски со четири гола беше најефикасен во составот на Еурофарм, по три постигнаа Ојлески, Радовиќ, Јотиќ и Остроушко. Кај Веспрем Гајиќ и Нилсон постигнаа по пет, Манасков даде четири.
 
Ова беше претпоследен меч од групната фаза во СЕХА лигата за Еурофарм, во последното коло му гостува на Спартак Москва.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе