СЕХА лига

Еурофарм Работник запиша нов пораз, Мешков Брест си отиде со победа од Битола

Еурофарм Работник запиша уште еден пораз во СЕХА лигата, во ефикасен меч загуби од Мешков Брест со 35:32. 

По поразот од Вардар, Мешков Брест се пресели во Битола каде имаше дуел од СЕХА лигата со Еурофарм Работник. Белорускиот тим овој пат се израдува и со половичен успех со оди од Македонија.
 
Тие добро го отворија мечот, поведоа со 3-0, но Еурофарм Работник се врати, неколку пати го изедначуваше резултатот, а на полувремето битолскиот тим имаше еден гол негатива 17:18. Но во второто полувреме Мешков Брест имаше потполна контрола на мечот и на крајот заслужено победи со 35:32.
 
Ловро Јотиќ со осум гола беше најефикасен во составот на Еурофарм, Ојлески постигна шест, Граџан пет. Николче Митревски имаше 15 одбрани. Ваилупау со 14 голови беше незадржлив кај Мешков Брест.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе