Лига на шампиони

Еурофарм Работник водеше со пет разлика на полувреме и успеа да изгуби од Савехов

Еурофарм Работник беше на пат да ја оствари првата победа во Лигата на шампионите, водеше со пет голови разлика по првото полувреме и на крајот загуби од Савехов со 25:24. 

По добрата игра против Спортинг Лисабон, Еурофарм Работник отпатува со амбиција да победи на гостувањето кај Савехов кој по квалитет е значително послаб тим од португалскиот. 
 
И работите се одвиваа одлично на почетокот, Битолчани доминираа во првиот дел и по 30 минути игра имаа водство од 15:10.
 
Момците на Алушовски како веќе да почнаа да ја слават победата, во вториот дел влегоа опуштено, домаќинот многу брзо ја стигна негативата од пет голови и потоа држеше водство кое дојде и до три разлика за Елверум.
 
Работник во второто полувреме постигна само девет голови, прими 15 и на крајот го загуби мечот со 25:24.
 
Најефикасен во составот на македонскиот тим беше Ловро Јотиќ со осум голови, по три постигнаа Маџовски и Ѓукиќ.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе