Еурофарм Работник

Еурофарм Работник се засили со словенечкиот бек, Ратајац

Анже Ратајац е ново засилување на Еурофарм Работник, тој потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб.

Еурофарм Работник напорно работи да го засили тимот за следната сезона во која ги очекуваат поголеми предизвици.
 
По промоцијата на Велковски, денеска словенечкиот среден бек Анже Ратајац стави потпис на двегодишен договор со Работник.
 
Тој доаѓа од австрискиот тим Ферлах и е прв словенечки ракометар кој ќе заигра за Еурофарм.
 
Ратајац е четврто засилување за Битолчани ова лето, претходно потпис ставија македонските репрезентативци Маџовски, Митревски и Велковски.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе