ЕХФ Куп

Еурофарм Работник му пружи силен отпор на Хановер, но со пораз се враќа од Германија

Еурофарм Работник се прикажа во сосема солидно издание против главниот фаворит во групата од ЕХФ Купот, Хановер но загуби со 24:21.

Битолскиот клуб до самиот крај се бореше со Хановер за да избегне пораз, натпреварот имаше неизвесна завршница, во последните минути Работник имаше само еден негатива, 22:21, во последната минута прими два гола и загуби со три разлика.
 
Граѓан со шест гола беше најефикасен во составот на Работник, по четири гола постигнаа Остроушко и Кузмановски. Одличен настап на голот имаше Чаневски кој спречи Германците да победат со поголема разлика.
 
Во оваа група синоќа се одигра мечот меѓу Татабања и Нексе, хрватите славеа гостинска победа со 28:27.
 
Вториот натпревар на Еурофарм Работник е на 17 февруари, кога во салата „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат тимот на Татабања.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе