Познати учесниците за новата сезона во ЛШ

Еурофарм Работник ќе игра во Лигата на шампионите, Металург извиси

Македонија и во следната сезона ќе има два претставници во Лигата на шампионите, но овој пат наместо Металург вајлд-карта доби битолскиот тим Еурофарм Работник.

ЕХФ денеска ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона. Трофејот ќе го брани Вардар и тој е еден од носителите на А или Б групите.
 
Вториот наш претставник овој пат ќе биде Еурофарм Работник кој покрај во СЕХА лигата, му го зема местото на Металург и во Лигата на шампионите.
 
Во четврток, на 27. јуни од 18 часот во Виена ќе се одржи ждрепката. Првото коло од новата сезона ќе се одигра од 11 до 15 септември.
 
Група А и Б: Вардар, Загреб, Алборг, Барселона, Фленсбург, ПСЖ, Веспрем, Мешков Брест, Елверум, Кјелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје, Кил, Пик Сегед, Монпелје.
 
Група Ц и Д: Кокс, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Савехоф, Шафхаузен, Татран Прешов, ГОГ, Бидасоа, Еурофарм Работник, Висла, Спортинг Лисабон, Кристијанштад.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе