Еурофарм Работник го раскина договорот со Чирковиќ

Еурофарм Работник спогодбено го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ, ова доаѓа по убедливиот пораз во ЕХФ Купот од Татабања. 

Најавите се остварија, Еурофарм Работник и тренерот Ѓорѓе Чирковиќ ја прекинаа соработката.
 
„РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека спогодбено на негово барање го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Српскиот тренер ја презеде екипата ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот. Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот. РК Еурофарм Работник наскоро ќе ја информира јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер“, стои во соопштението на клубот.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе