СЕХА лига

Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Веспрем, Битолчани ќе играат за трето место со Нексе

Првото полуфинале на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата не помина славно, Веспрем лесно го доби мечот со 41-27, Унгарците во финалето ќе играат против Загреб кој беше подобар од Нексе. 

Мечот почна изедначено, но така беше само во првите 5-6 минута кога резултатот беше 5-5. Потоа Веспрем направи серија од 4-0 и првпат се одлепи. На полувремето Веспрем водеше со 24-16.
 
Слично беше и во второто полувреме, унгарскиот тим доминираше, Еурофарм Пелистер се обидуваше да парира, но не успеваше, конечниот резултат беше 41-27 за Веспрем.
 
Најефикасен кај Пелистер беше Хосни кој даде шест гола, а Сери и Пешевски по пет. Вајлупов со осум гола беше најдобар стрелец на натпреварот.
 
Во првото денешно полуфинале Загреб со 32-26 го победи Нексе.
 
Во недела од 16:30 часот Пелистер ќе игра против Нексе за третото место, а од 19 часот е финалето меѓу Веспрем и Загреб.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе