Европска лига

Еурофарм Пелистер се врати од -8 и со звукот на сирената дојде до бод во Шафхаузен

Еурофарм Пелистер освои голем бод од гостувањето кај Кадетен Шафхаузен, одигра 28-28 со гол на Периќ во последната секунда од натпреварот. 

Во еден момент се чинеше дека Еурофарм Пелистер ќе доживее дебакл, но момците на Бабиќ се вратија од речиси загубена ситуација и не дозволија да бидат поразени.
 
Битолскиот тим почна лошо, Кадетен Шафхаузен направи серија од 5-0 на стартот од мечот, Пелистер првиот гол го даде во деветата минута.
 
Во текот на првиот гол, Кадетен трипати имаше водство од осум гола разлика, македонскиот тим успеа да намали и на одморот да замине со негатива од 5 разлика, 16-11 за Швајцарците.
 
И во второто полувреме Кадетен дојде до таа предност од осум разлика, имаа водство од 20-8, но тука почна период на Пелистер кој полека почна да ја топи негативата.
 
На крајот следуваше драматична завршница во која домаќините направија грешка, влезе еден ракометар повеќе од потребното, му ги дадоа последните 20 секунди од мечот за напад на Пелистер, Периќ погоди во последната секунда и мечот заврши 28-28.
 
Периќ беше најдобар со шест постигнати голов, Мандалиниќ постигна пет за Еурофарм Пелистер. Зендер со осум и Марос со седум гола беа носители на играта на Шафхаузен.
 
Ова беше втор натпревар за Еурофарм Пелистер во Европската лига и прв освоен бод, следниот дуел е во Атина против АЕК.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе