Битолскиот клуб го крои тимот за следната сезона

Еурофарм Пелистер потпиша со Марио Танковски

Репрезентативно засилување за Еурофарм Пелистер, талентираниот Марио Танковски го официјализираше трансферот во битолскиот клуб. 

Во период кога спортот е во прекин поради пандемијата со коронавирус, Еурофарм Пелистер размислува за следната сезона.
 
Битолскиот клуб денеска го промовираше Марио Танковски како ново засилување, топј потпиша тригодишен договор со македонскиот тим кој игра во Лигата на шампионите и СЕХА.
 
Танковски е еден од најголемите македонски надежи, има 21 година и игра на позицијата среден бек. Тој во Пелистер доаѓа како замена за Ловро Јотиќ кој од следната сезона ќе игра во Бенфика.
 
Марио Танковски досега настапуваше за Металург.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе