Еурофарм Пелистер потпиша со египетски репрезентативен голман

Карим Хандави кој брани за репрезентацијата на Египет е нов голман на Еурофарм Пелистер, тој во Битола ќе пристигне по завршувањето на Светското првенство во ракомет на кое го брани голот на домаќинот. 

Еурофарм Пелистер го претстави првото засилување во 2021 година.
 
„Нов член на нашиот клуб е репрезентативецот на Египет, Карим Хандави. Најдобриот египетски голман доаѓа во Битола како големо засилување за голманската позиција.
 
Хандави потпиша договор и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обрвски на Светското првенство. Хандави има 32 години, долго време е најдобар египетски голман и стандарден репрезентативец, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа.
 
По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хандави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа Суд. Хандави доаѓа како слободен ракометар и ќе биде еден од ретките Африканци и само втор ракометар од Египет кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
 
Новиот голман на битолскиот клуб висок е 188 сантиметри и важи за импулсивен голман, со нескриен темперамент. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.
 
Клубот ќе го претстави во Битола по завршувањето на Светското првенство, кога ракометарот ќе се јави на тренинзите на Жељко Бабиќ“, стои во соопштението на битолскиот клуб.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе