Европска лига

Еурофарм Пелистер конечно ќе одигра официјален меч, ракометарите се подготвени за ГОГ

Еурофарм Пелистер долго чекаше за да го одигра првиот официјален меч оваа сезона, тоа конечно ќе се случи во вторник кога му гостуваат на ГОГ во рамките на Европската лига. 

Фото: РК Еурофарм Пелистер
По пауза од осум месеци, Еурофарм Пелистер ќе одигра официјален натпревар. Ракометарите се подготвени за европскиот предизвик.
 
„Имавме доста време да се подготвиме, натпревари ни фалеа. Со самото одложување на СЕХА-лигата, а потоа и на мечот со Татабања, направи еве да одиме за Данска без ниту еден одигран натпревар. Тие се во натпреварувачка форма, првенството веќе им е до пола одиграно, имаат една средба и во Европската лига. Одиме да играме, да се натпреваруваме, не знаеме баш до каде сме сè уште. Отсуството на Мортен Олсен во една смисла е хендикеп, но во друга смисла е предност. ГОГ има други, млади играчи, кои се доста опасни. Данската школа е извноредна, одлично играат“, вели голманот Градимир Чаневски.
 
Средниот бек Јосип Периќ вели дека тие се подготвени и желни за ракомет.
 
„Млади се, играат брз ракомет, вистински скандинавски ракомет. Ние се подготвуваме, сметаме на нашата одбрана. Се надеваме дека ќе ја спречиме нивната транзиција и да ги сведиме на минимум нивните шанси од контра. Нас сигурно дека нè измрда откажувањето на натпреварите кои веќе требаше да се одиграат, но ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да почнат натпреварите. Подготвени сме, желни сме да играме, тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите“, вели Периќ.
 
Екипата на Еурофарм Пелистер во понеделник треба да отпатува за Данска, а претходно во сабота целиот тим ќе ги направи неопходните тестови за ковид-19. Мечот се игра во вторник со почеток од 18:45 часот.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Еурофарм Пелистер

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе