Европска лига

Еурофарм Пелистер ја победи Татабања во Битола

Еурофарм Пелистер со победа ја почна втората полусезона во Европа откакако со 21-19 ја победи Татабања во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Ова беше заостанат натпревар уште од првото коло од Европската лига. Еурофарм Пелистер ја оствари целта, бодовите останаа во Битола.
 
Пелистерци тргнаа фуриозно, по 20 минути игра имаа водство од 7-2, но потоа следуваше пад, на полувремето македонскиот тим остана само со еден гол предност 11-10.
 
Во вториот дел се играше изедначено, и гостите имаа водство, но кога најмногу требаше тимот на Жељко Бабиќ се крена, новиот голман Хендави врза неколку одбрани во серија, а ракометарите на Пелистер направија серија од 4-0 која беше клучна за победата. Конечниот резултат гласеше 21-19.
 
Најефикасен беше Томислав Кушан со шест голови, Мандалиниќќ постигна пет, Мараш четири. Хендави имаше девет интервенции.
 
 Со овие два бода Еурофарм Пелистер собра пет и моментно е трет на табелата во групата Д. Ако успее да ја заврши и втората половина од мисијата Татабања, да слави и утре во 17 часот, тогаш ќе направи крупен чекор кон пласман во осминафиналето.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе