Европска лига

Еурофарм Пелистер го победи АЕК во Атина

Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Европската лига откако со 30-27 го победи АЕК на негов терен, во Атина. 

Ракометарите на Жељко Бебек одиграа речиси совршен беш, без криза во ниту еден период од натпреварот дојдоа до посакуваниот триумф.
 
Битолскиот тим тргна фуриозно со водство од 3-0, во 10. минута Еурофарм Пелистер имаше водство и од пет разлика, 9-4. На полувремето се замина со 16-13 за македонскиот претставник.
 
Во вториот дел Битолчани продолжија исто, дојдоа и до највисоките шест голови разлика 25-19, па 26-20. На крајот конечниот резултат гласеше 30-27.
 
Периќ беше најефикасен со осум гола, Табоада постигна шест, Секељ имаше девет одбрани. Кај АЕК, Милонас и Цирас постигнаа по шест.
 
Во прилог на тоа отиде и првата победа на Татабања, со 31-24 над Кадетен, по што и двата тима имаат по два бода, зад Еурофарм Пелистер. Водат Спортинг и АЕК со по четири, со тоа што португалскиот тим вечерва игра против Ним на гости.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе