На 21. декември од 17:45 часот, Еурофарм Пелистер во Битола ќе ја пречека Металопластика во меч од СЕХА лигата, четири дена претходно ќе се одигра дуелот меѓу Нексе и Војводина кој воедно ќе биде и отварање на новата сезона.
СЕХА лигата се уште нема објавено календар за новата сезона, а веројатно нема ни да објави, планот е клубовите сами да се договараат за термини со оглед на проблемите со коронавирусот.
Вардар, Загреб и Мешков Брест прво ќе видат кои термини ќе ги добијат за одложените мечеви во Лигата на шампионите, а потоа ќе почнат да ги договараат и датумите за мечевите во СЕХА лигата.
СЕХА лигата оваа година брои само осум екипи, Вардар е во група со Нексе, Војводина и Мотор Запорожје, а Еурофарм Пелистер со Металопластика, Татран Прешов и Загреб.