Лига на шампиони

ЕХФ со 25.000 евра му се извинува на Вардар, ПСЖ е најголем губитник од учесниците на Ф4

Европската ракометна федерација реши да ги обештети екипите кои ги елиминираше од Лигата на шампионите без да ги одиграат предвидените осминафинални натпревари. 

ЕХФ неодамна донесе одлука сезоната од Лигата на шампионите да ја заврши само со фајнл-фор турнир кој ќе се игра во декември, го поништи осминафиналето и четвртфиналето. На завршниот турнир се пласираа само првите две екипи од групата А и Б, тоа се: Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил.
 
Европската ракометна федерација денеска одлучи со вкупен фонд од 250.000 евра да го обесштети екипите кои ги елиминираше без да ги одиграат предвидените натпревари, меѓу нив е и Вардар. Тоа значи дека македонскиот тим ќе инкасира 25.000 евра, што е смешна сума за сериозен клуб.
 
 
ЕХФ ги реши и дилемите за тоа со кои ракометари ќе играат учесниците на фајнл-фор турнирот бидејќи тој се игра во декември, па во меѓувреме ќе се случат трансфери и екипите нема да бидат во составите со кои играа оваа сезона.
 
Одлучено е учесниците на фајнл-фор турнирот да играат со составите од тековната сезона. Од таквата одлука најмногу губи ПСЖ кој нема да може да смета на Сагосен и голманот Коралес кои во Келн наместо да играат за нив ќе им бидат противници.
 
Сагосен има договорено трансфер во Кил, а Коралес во Веспрем. Иако со ПСЖ дојдоа до фајнл-фор турнирот во Келн, тие против нив ќе се борат за трофејот. Необична ситуација која произлезе од одлуката на ЕХФ во средината на една сезона да се игра фајнл-фор турнир за претходната сезона.
 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе