МЕТАЛУРГ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА

ЕХФ пресуди: Обрадовиќ без отштета може да потпише за Висла!

ЕХФ го реши случајот на Немања Обрадовиќ, ракометарот може слободно да биде регистриран за Висла Плоцк без притоа Металург да добие отштета.

Немања Обрадовиќ е слободен играч и може да потпише за Висла Плоцк, вака пресуди арбитражната комисија на ЕХФ.
 
Немања Обрадовиќ во Металург дојде во сезоната 2016/17 и потпиша договор „еден плус еден", односно една година, со можност за продолжување на уште една.
 

Токму таа можност за продолжување на уште една е спорната. Металург смета дека има важечки договор со ракометарот, а Обрадовиќ и Висла тврдат дека нема бидејќи втората година не му е обврзувачка.

 
Спорот го решаваше ЕХФ која донесе одлука во полза на Висла Плоцк и Немања Обрадовиќ.
 
Обрадовиќ минатата сезона беше најдобриот ракометар на Металург, но во февруари 2017 потпиша за Висла Плоцк без тие да преговараат со македонскиот клуб. 
 
Висла Плоцк нудеше 10.000 евра отштета, Металург бараше пет пати повеќе, па на крајот ЕХФ пресуди. Металург го загуби ракометарот, а нема да добие ниту евро за него.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе