Лига на шампиони

ЕХФ потврди: Вардар има загарантирано место во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите во следната 2021/22 сезона и оние кои сакаат дополнително да им биде одобрено место. 

Со рангирањето на националните првенства според ЕХФ-коефициентот, Македонија е во деветте земји кои имаат сигурни претставници во Лигата на шампионите и оттука, денешната објава на ЕХФ е само формализирање на правото на нашиот првак, Вардар, да игра во елитата. 
 
Покрај него уште девет екипи имаат фиксни места меѓу 16-те, шампионот и вториот во Германија (Кил и Фленсбург), како водечка европска сила и прваците на земјите рангирани до деветто место (ППД Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Пик Сегед, Кјелце и Порто).
 
Преостанатите шест места во ЛШ ќе им бидат доделени на екипи кои побарале „валјд-карта“ или како што го нарекуваат во ЕХФ „апгрејд“, односно надградба на статусот од Европската лига, во Лигата на шампионите. За тоа конкурираат 12 екипи, а меѓу нив не е Еурофарм Пелистер, кој, на пример, лани побара да биде вметнат во елитата, но не доби зелено светло.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе