Пред почетокот на нокаут фазата во Лигата на шампионите

ЕХФ не верува дека Вардар може до фајнл-фор

ЕХФ не верува дека Вардар може да го помине ПИК Сегед на патот до фајнл-фор турнирот во Келн, на последното рангирање македонскиот шампион е на шестото место.

Пред почетокот на осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите, ЕХФ објави рангирање на кое Вардар има пад за едно место, сега е шести.
 
Вардар во сабота го почнува осминафиналниот двобој со Загреб, а ако ја оправда фаворитската улога најверојатно во четвртфиналето ќе се соочи со ПИК Сегед кој треба да биде последната пречка до фајнл-фор турнирот.
 
ЕХФ го рангираше ПИК Сегед на високото трето место, а тоа значи дека не верува дека Вардар може против унгарскиот противник кој игра одлична сезона.
 
„Момците од Скопје продолжуваат да импресионираат оваа сезона и покрај промените кои се случија минатото лето. Домашниот пораз од воскреснатиот Веспрем е единствениот кикс во 2019 поради кој паднаа на третото место во Групата А и ќе имаат незгоден тест против Загреб во осминафиналето“, стои во текстот за Вардар од медиа тимот на ЕХФ.
 
Најдобро рангиран е тимот на ПСЖ кој е главен фаворит за трофејот, меѓу четирите се и Барселона, ПИК Сегед и Веспрем.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе