Поради ситуацијата со коронавирусот

ЕХФ и СЕХА ги суспендираа натпреварувањата, Вардар нема да игра против Нексе и ПИК Сегед

Лигата на шампионите и СЕХА лигата одат во мирување поради состојбата со коронавирусот, потврдија од Вардар на денешната прес конференција. 

На денешниот прес закажан за мечот против Нексе во СЕХА лигата, од раководството на Вардар информираа дека нема да има натпревари поради коронавирусот.
 
ЕХФ и СЕХА ги откажаа сите натпревари кои требаа да се играат.
 
„Само што пристигна информација дека натпреварот со Нексе е откажан. Стигна и од ЕХФ и нивните натпревари се откажани. Немаме дополнителни информации, само можеме да кажеме дека ги почитуваме насоките од владата и другите тела“, изјави извршниот директор на клубот, Давор Стојановски.
 
Директорот на Вардар откри дека клубовите имале и состанок поради коронавирусот и немало да ги играат натпреварите и без одлуката на ЕХФ.
 
„Сите клубови учесници во осминафиналето се ставивме на заедничка конференција и се договоривме, ако ЕХФ не го прекине натпреварувањето, ние сите заедно да побараме одложување, бидејќи безбедноста и здравјето се поважни од се“.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе