четврток, 28 март 2024

Кривична пријава за полицајците кои застареле предмет против свој колега

МВР поднесе кривична пријава против тројцата полициски службеници затоа што дозволиле да застари дисциплинска постапка која се водела против нивен колега кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против тројца полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело несовесно работење во службата.

Како што соопштуваат од МВР,  кривичната пријава е поднесена против тројцата полициски службеници затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.

„Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава за злосторничко здружување и присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Пијавените наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти“, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ