СП Скопје 2019 У19

Египет испиша историја во Скопје, „фараоните“ ја совладаа Германија за триумф на СП

Египет стана првата селекција надвор од Европа која триумфира на Светско првенство за играчи до 19 години, „фараоните" вечерва во финалето ја совладаа Германија со 32-28.

Ракометниот мундијал во Скопје финишираше со голмо славје на Египет. „Фараоните“ во финалето вечерва ја совладаа Германија и станаа првата репрезентација надвор од Европа и првата репрезентација од Африка која триумфира на Светско првенство за играчи до 19 години.

Египет сосема заслужено стигна до победата, водеше практично цел натпревар, на полувреме имаше позитива од шест гола (19-13). Германија секако не се предаде лесно и во вториот дел се обиде да се врати во игра. „Панцерите“ продолжението од мечот го отворија со серија од 3-0, потоа уште неколку пати го ставија противникот под притисок, но „фараоните“ не потклекнаа и на крајот му се радуваа на златото со триумф од 32-28.

Во мечот за трето место, Данска стигна до бронзата откако ја совлада Португалија со 35-27.

Петтото место и припадна на Унгарија, која со убедливи 31-20 ја совлада Франција, додека пак Шпанија со триумф од 30-26 над Исланд финишираше како седма.

Македонија мундијалот го заврши на 13. место. Избраниците на Данило Брестовац ја минаа првата фаза, но бевме елиминирани од Португалија во осминафиналето.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе