Двајца позитивни на ковид-19 во Голден Арт КЛ7

Новиот ракометен суперлигаш, Голден Арт КЛ7 направи скрининг тестирање играчите од првиот, младинскиот и кадетскиот тим, два теста биле позитивни на коронавирус. 

Во Голден Арт КЛ7 двајца ракометари се позитивни на коронавирус, тие се асимптоматски. По добиените резултати двајцата се во самоизолација и се чувствуваат добро.
 
„Новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7 крајно професионално, транспарентно и одговорно објавува дека резултатите од скрининг тестирањето на сите ракометари на првиот тим, младинците и кадетскиот тим, два теста покажале позитивност на коронавирус. Свесни за пандемијата со ковид 19 и многубројните несимптоматски носители на вирусот во светски рамки, истовремено почитувајќи ги препораките и донесениот протокол од страна на РФМ сите селекции на Голден Арт КЛ 7 беа тестирани. Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на "Жан Митрев Клиник". Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом. По добиените резултати тренинзите се одвиваат секојдневно според донесениот протокол. На нашите играчи им посакуваме поскоро закрепнување и приклучување во тимот“, стои во соопштението на клубот.
 
Претходно два позитивни случаи на коронавирус имаше и во Еурофарм Пелистер 2.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе