Лига на шампиони

Драма во Лисабон, ПСЖ со два гола пред самиот крај ја победи Аталанта за полуфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Натпревар со неверојатен финиш, ПСЖ е во полуфиналето благодарение на два гола во последните минути од натпреварот, Аталанта имаше предност до самиот крај но приказната заврши тажно за нив. 

ПСЖ е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите откако ја доби драмата со Аталанта, победи со 2-1 со два погодоци во самиот финиш.
 
Аталанта дојде во водство со убав гол на Пашалиќ во 27. минута. Момците на Гасперини играа одлично, мотивирано и имаа контрола во најголемиот дел од натпреварот.
 
ПСЖ јалово се обидуваше, тешко создаваше шанси, а и оние кои ги имаше не ги реализираше. Нејмар промаши неколку идеални можности.
 
И кога се чинеше дека Аталанта ќе направи уште една сензација во Лигата на шампионите, се случи чудо.
 
Најпрво по асистенција од Нејмар, Маркињос даде гол за израмнување на 1-1, а само три минути подоцна по додавање од Мбапе, Чупо Мотинг реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.
 
На крајот радоста беше неизмерна кај играчите на ПСЖ, а фудбалерите на Аталанта со крената глава може да го напуштат стадионот Де Луж бидејќи беа вистински херои на Италија во Лигата на шампионите оваа сезона.
 
ПСЖ во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе