Македонецот доби нов мандат

Драган Начевски уште четири години претседател на судиската комисија во ЕХФ

Истакнатиот македонски ракометен работник, Драган Начевски, доби уште едно признание за својата долгогодишна меѓународна работа, со тоа што продолжен беше неговиот мандат како претседател на судиската комисија при ЕХФ. 

На изборниот конгрес на ЕХФ, кој денеска се одржува во Виена, беа бирани членови на сите ракооводни тела, завршувајќи со претседателот, Михаел Видерер, кој немаше противкандидат и беше реизбран.
 
Сепак, она што е поважно за македонскиот ракомет е новиот, веќе трет мандат за Драган Начевски, како прв човек на судиското тело во ЕХФ. Тој имаше тројца противкандидати, но ја доби довербата, што претставува аргумент за негова квалитетна работа досега.
 
Како прв човек на судиите, тој е член и на натпреварувачката комисија при ЕХФ, чиј претседател е Србинот Божидар Ѓурковиќ. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе