СЕХА Лига

Доминантна партија на Еурофарм Пелистер против Татран Прешов за втора победа во СЕХА

Еурофарм Пелистер се радува на втората победа во СЕХА лигата откако вечерва на домашен терен славеше против Татран Прешов со убедливи 28-16.

Момците на Жељко Бабиќ немаа проблеми против ослабениот противник од Словачка, кој допатува со само 11 играчи во ростерот. Татран не беше достоен противник, особено во второто полувреме.

На паузата беше 11-7, но Пелистер го засили темпото во второто полувреме и од минута во минута ја зголемуваше предноста за конечни 28-16. За „пелистерци“ ова беше втора победа на третиот натпревар во Групата А во регионалното натпреварување.

Карим Хендави блескаше на голот на битолчани со 15 интервенции, додека во нападот најмногу се истакна Елмир Граџан со седум голови, додека Јосип Периќ постигна шест. Оливер Рабек со шест голови беше најефикасен кај гостите од Словачка.

Во следното коло, што се игра на 18 март, Еурофарм Пелистер гостува кај Металопластика.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе