Лига на шампиони

Доброто прво полувреме не беше доволно, Вардар загуби од Кил

Вардар одигра натпревар со две различни полувремиња, добро прво и лошо второ по кое загуби од Кил со 26-29 во „Јане Сандански“. 

Вардар не успеа да им се врати на победите во Лигата на шампионите иако првото полувреме наговестуваше дека тоа може да се случи, на крајот пресуди искуството на Кил.
 
Нападот на Вардар во првото полувреме не беше на некое високо ниво, црвено-црнте промашија повеќе напади, но одбраната на чело со голманот Томовски изгледаше совршено.
 
Томовски во првиот дел имаше дури 12 интервенции, во нападот за головите се грижеше расположениот Дибиров, па на одморот Вардар замина со водство од 13-10.
 
Во вториот дел Вардарци постигнаа исто голови како и во првото полувреме, но одбраната ја немаше, ги немаше и одбраните на Томовски, Кил постигна речиси двојно повеќе голови отколку што даде во првиот дел и на крајот победи со 29-26.
 
Тимур Дибиров со десет гола беше убедливо најефикасниот ракометар кај Вардар, никој од останатите играчи на македонскиот тим не постигна повеќе од два гола. Кај Кил прв стрелец беше Дувњак со седум гола, Екберг постигна шест.
 
Вардар остана на пет бода и на шестото место, Кил има девет, колку и лидерот во групата А, Алборг. Во следното, седмо коло, Вардар му гостува на Пик Сегед.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе