Со нетрпение го чека фајнл-фор турнирот

Добра вест за Вардар, Дисингер потврди, ќе игра во Келн! (ФОТО)

Кристијан Дисингер преку својот инстаграм профил потврди дека ќе настапи на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.

По тешката повреда во Брест, неизвесно беше дали Дисингер ќе заигра уште еднаш сезонава, но Германецот добро се рехабилитира и ќе биде подготвен за настап кога најмногу е потребно.
 
„Фајнл-форот може да дојде. Со нетрпение чекам да играм во Германија...“, напиша Дисингер.
 
Тој ќе биде единствениот Германец на фајнл-фор турнирот. Германија веќе трета година по ред нема тим меѓу четирите најдобри.
 
Враќањето на Дисингер е особено значајно за Вардар и поради заминувањето на Борозан.
 
 
 
 
View this post on Instagram

Final 4 can come I’m looking forward to play in Germany ... #rkvardar #ehfcl #handball #skopje @ehfcl @rkvardar

A post shared by Christian Dissinger (@christiandissinger) onMay 7, 2019 at 3:55am PDT

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе