РК Вардар

Дисингер: Реков дека ќе треба да се случи чудо за да останам во Вардар и се случи!

Кристијан Дисингер е еден од клучните ракометари на Вардар кои ќе останат во клубот по заминувањето на Сергеј Самсоненко, тој бил уверен од новиот сопственик дека амбициите ќе бидат високи, а плата ќе има секој месец.

Фото: Роберт Атанасовски

Во интервју за германските медиуми, Кристијан Дисингер вели дека е среќен што останува во Вардар иако признава дека изминатата сезона била многу тешка поради финансиите. Пред една година кога беше разочаран од ситуацијата во клубот рече дека само чудо може да го задржи во Скопје, и тоа се случи.

„Точно е, пред полуфиналето со Барселона во Келн минатата година реков така. Сега се случи малло чудо, работите сè движат во вистинска насока. Едно е јасно, не сакам уште еднаш да ја преживеам минатата сезона. Не беше воопшто забавно, многу месеци не земавме воопшто плата. Тешко е во таква ситуација да се фокусирате на ракометот. Беше катастрофално на тренинзите, но не поради тренерот, туку поради ситуацијата. Но како тим бевме секогаш сложни, никогаш не се каравме“, вели Дисингер.

Договорив сè со мојот менаџер и новиот претседател Михајло Михајловски, останувам во Скопје и следната сезона. Убеден сум дека ќе биде подобро. Новиот претседатал нè увери дека ќе добивам секој месец плата и јас не се сомневам во тоа бидејќи ми остави впечаток на сериозен човек. Останаа многу од играчите, Стоилов, Дибиров, Чупиќ не си заминаа. Сакаме да му дадеме шанса на овој проект. Сè уште ни требаа среден и десен бек. Кога ќе ги пополниме тие позиции ќе бидеме силен тим. Целта ни е четвртфинале во Лигата на шампионите“.

Дисингер вели дека пред да ја освоел титулата во Лигата на шампионите со Вардар, мислел дека таков пречек може да има само во фудбалот.

„Секој спортист сонува за такво нешто, беше неверојатно. 30.000 луѓе не чекаа, беа таму седум-осум часа. Со отворен автобус се движевме до центарот на градот. Вообичаено тоа трае кратко, но ние се возевме два и пол часа затоа што насекаде имаше луѓе кои се радуваа со нас. Имаше луѓе на прозорците, по мостовите, околу автобусот. Дотогаш мислев дека такво нешто има само во фудбалот“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе