Вардаровата ѕвезда се потсетува

Диборов: Трофејот од минатата сезона ме потсетува зошто како деца почнавме да тренираме ракомет

Тимур Дибиров во изјава за „Балкан хендбол“ се потсети на трофејот од Лигата на шампионите од минатата сезона.

На 2. јуни Вардар по втор пат ја покори Европа, минатогодишниот трофеј беше дури и поневеројатен од првиот поради сите проблеми со кои се соочуваше тимот.

Проблеми со повреди, намален играчки кадар и неисплатени плати го пратеа тимот целата сезона, но Вардар дојде до врвот. Дибиров вели дека на таков натпревар кога ќе се излезе на теренот се забораваат сите проблеми.

„Тој ден од минатата година никогаш нема да го заборавиме. Не само поради победата, туку ова беше и ден на победа на нашиот спорт. Докажавме дека ништо не е важно кога си на терен. Во тие 60 минути не постојат проблеми во животот. Овој успех ме потсетува на тоа зошто како деца почнавме да тренираме ракомет. Во нас остана таа детска желба еден ден да дојдеш до врвот и да го кренеш трофејот“, вели Дибиров за „Балкан хендбол“.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе