„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, нашипа Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.
Таа нагласи дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата.
„Успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.
Костадиновска-Стојчевска ги оценува како предизборна игранка и манипулација реакциите и протестите на Синдикатот на културните работници (СКРМ).
„Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа. Секогаш сум била на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права“.
Над три илјади вработени во културните институции од денеска започнаа со протести.
По објавата на изјавата на министерката, СОНК во 16 часот излезе со реакција: