Ракометарите не можат да си дојдат на себе

Дибиров: Знам, губевме со 7, па имав некаква блокада, а потoа се сеќавам дека се радувавме на теренот

Тимур Дибиров и другите играчи на Вардар сè уште не можат да си дојдат на себе по големата победа што ја остварија.

Вардар одигра луд меч, од минус седум до плус два против најголемиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите.
 
Тимур Дибиров, како и другите, сè уште не може да се соземе по натпреварот.
 
„Не знам како победивме, искрено не знам. Не сум свесен што се случи, памтам само дека губевме со седум разлика, а потоа имав некаква блокада, па ми доаѓа сликата како се радуваме на теренот. Ова е неверојатно. Историја за сите нас и огромен мотив да победиме во финалето и да освоиме нов трофеј“, изјави Дибиров.
 
Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе