Ситуацијата на шампионот на Македонија и Европа е тешка

Дибиров си ја отвори душата: Самсоненко сега ги плаќа туѓите ветувања, ќе дозволат Вардар да пропадне

Тимур Дибирво проговори за случувањата во Вардар, вели дека моќни луѓе во државата го оставиле сопственикот Сергеј Самсоненко на цедило откако не ги исполниле ветувањата дека ќе помогнат.

„Црвено-црните“ се во сериозна финансиска криза, пари нема, голем број на играчи си заминаа изминативе месец дена а се очекува егзодусот да продолжи и во следниот период. И додека сопственикот Сергеј Самсоненко молчи, Тимур Дибиров си ја отвори душата.

Русинот, кој е еден од ракометарите со најдолг стаж во редовите на актуелниот европски шампион, вели дека моќни луѓе во државата го оставиле Сергеј Самсоненко на цедило откако не ги исполниле дадените ветувања дека ќе помогнат.

„Во последно време голем проблем е тоа што не можеме да направиме ниту тренинг како што треба. Многу ракометари заминаа, тоа е нивен избор и мора да го почитуваме. Момците кои си заминаа го дадоа максимумот за Вардар, некои имаа поголем придонес, некои помал, но заслужуваат почит. Наш проблем е што немаме доволен број на ракометари за тренинг, главоболките се дополнителни ако некој фати вирус или пак заработи ситна повреда. Тренираме два на два или три на три. Во последните четири или пет месеци немаме квалитетен тренинг, тешко е да се работи на тактика, тешко е да се подготвиме за натпреварите“ – го почнува Тимур Дибиров интервјуто за Балкан-хендбол.

„Се додека постои шанса за петтото место, ќе се бориме. Ќе играме против Монпелје како тоа да е последен натпревар. Знаеме каква е ситуацијата, тие што останавме, од поодамне не се плашиме од никого. Поминавме низ оган, низ вода... бевме добри и лоши, но секогаш имавме почит кај сите екипи, тоа е нашата предност“.

Проблемите со финансиите се стари и се појавија уште минатата сезона, но откако Вардар стигна до втората титула во Лигата на шампионите имаше најави за подобри денови. Но од она што го кажуваа ракометарите кои си заминаа, никогаш немало светло на крајот од тунелот, а тоа сега го потврди и Тимур Дибиров.

„Кога почна втората сезона со истите проблеми... Немаше исти емоции, тоа е нормално, чекавме премногу и загубивме енергија. Се потрошивме. Нема оган, разочарани сме што оваа ситуација стана нормала, рутина. Сите имаме семејства, планови... спортистот е човек кој мора да се чувствува добро, да биде мотивиран. Па сосема нормално е тоа што се појави нервоза. Дел од монците си заминаа. Може да се издржат шест месеци, може да се издржи и цела сезона, но кога проблемот трае две години, тоа е многу тешко. Психолошки бевме многу посилни од противниците, но сега паднавме и ние. Мораме да се бориме на многу фронтови, на теренот и надвор од него, трпи и нашиот живот, проблемите ги чувствуваат и нашите семејства. Кога сте помлади, ако некој не ве плати два месеци, ја земата торбата и си заминувате. Ние сме одговорни луѓе, имаме деца, семејства, планови, се грижиме и за нив па поинаку е“.

„Ако постоше шанса за спас на Вардар, тоа беше да триумфираме во Лигата на шампионите. И кога го сторивме тоа, луѓето почнаа да велат дека Вардар ќе опстане. Мислам на луѓе кои не беа од клубот, туку моќни луѓе во државата. Велеа дека ќе дадат поддршка и дека нема да не остават на цедлио. Оставаме, сетоа тоа изгледаше како сон. Знам дека има луѓе на кои не им е сеедно, има многу навивачки кои го сакаат Вардар, кои од срце навиваат на секој натпревар, но народот не може да ја промени оваа ситуација. Можам да разберам дека имавме циклус во кој два пати триумфиравме во Лигата на шампиони во три години и дека е време да се намали буџетот, нека биде на пола, нека се намалат платите, тоа е ОК, тоа можам да го разберам. Но не можам да разберам кога ќе се спушти тоа на нула? Тоа е чудно. Сите знаеа во какви проблеми е клубот, рекоа дека ќе помогнат и на крајот ништо не направија. Не дадоа пари. Сега Сергеј е во ситуација да плаќа и да покрива долгови за туѓи ветувања. Кога се говореше минатото лето дека Самсоненко сакал да го затвори клубот, тој не го затвори од една причина, а тоа е зошто му беше ветена помош. Тој ни кажа дека му е тешко и дека не може повеќе да го финансира тимот. По триумфот во Келн, луѓе од државата му кажаа дека ќе дојде помош“.

Целото интервју на Дибиров можете да го прочитате ТУКА.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе