РК Вардар

Дибиров: Сакаме да покажеме дека Фленсбург беше само почеток на нашата идеја

Вардар во четврток со почеток од 20:45 го пречекува Порто во нов натпревар од Лигата на шампионите кој доаѓа по одличната победа над Фленсбург. 

Фото: РК Вардар 1961 / Денис Дуковски
Вардар одигра фантастичен меч против Фленсбург и дојде до голем триумф кој може да има големо влијание за самодовербата во понатамошниот тек од сезоната.
 
Тиумр Дибиров вели дека мечот со Фленсбург е само почеток, тие сакаат да играат уште подобро и ќе го покажат тоа против Порто.
 
Мислам дека натпреварот ќе биде многу тежок. Зошто? Затоа што сега ние сме во една многу интересна ситуација, победивме многу силен противник како Фленсбург и сега сакаме да напредуваме малку по малку секој натпревар. Што се однесува до натпреварот со Порто, сакаме да потврдиме дека ова беше почеток на нашата идеја за она што сакаме да го постигнеме оваа сезона. Затоа многу ќе биде важна оваа победа дома“, вели Дибиров.
 
„Знаеме дека Порто е многу квалитетен противник, независно е каде играте, дома или на гости. Многу незгодна екипа со тактика „7 на 6“ и кога им е најтешко, тогаш ја играат најдобро. Што се однесува до нас, сакаме да потврдиме дека сме на добар пат, дека можеме уште подобро и дека нашата авантура оваа сезона почна од победата со Фленсбург. Сега треба да продолжи и да биде подобра и подобра. Знаеме дека ќе биде тешко, дека нема лесен противник, но играме дома и мора да победиме. Излегуваме со мисла во главата дека сакаме да играме уште подобро отколку со Фленсбург“.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар 1961 / Денис Дуковски

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе