Руското крило сака уште долго да го носи црвено-црниот дрес

Дибиров: Раул од Вардар направи машина која може да работи и без него!

Тимур Дибиров не смета дека Вардар ќе биде послаб следната сезона и вели дека тој уште многу години сака да го носи црвено-црниот дрес.

Во изјава за „Балкан-хендбол“, Тимур Дибиров вели дека амбициите на Вардар нема да се променат по заминувањето на Раул Гонзалез и уште неколку клучни ракометари.
 
„Не се сложувам со тоа дека квалитетот и амбициите на Вардар ќе паднат. Најважна работа која Раул направи за овој клуб е тоа што создаде машина, институција, која може и без него, и без Арпад и без мене. Си заминува Раул, знаеме за каков тренер станува збор, но оваа машина само треба да продолжи да работи, работи, работи. Не очекувам дека ќе бидеме послаби. Одиме само напред, напред и така сакаме да продолжиме. Цел живот зборуваме дека Кил и Барселона се институција. Додека имаме таква поддршка од државата, навивачите, целиот Балкан, зошто да не?“, вели Дибиров.
 
Дибиров потврди дека уште долго време ќе го носи дресот на Вардар доколку клубот го сака тоа. Тој одговори и на шпекулациите дека во тимот од следната сезона ќе има многу руски ракометари.
 
„Зошто многу Руси? Тоа се само шпекулации, не е вистина. Сега сме исто колку што има и Срби или Хрвати. Сеедно е, дали во Вардар има еден Рус, или три, не е важно, важен е резултатот. Така може да зборуваме и за Шпанците и за останатите. Мојот план е да му помагам на клубот и ако клубот има доверба во мене, ќе бидам среќен тука да ја работам својата работа уште многу години“.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе