РК Вардар

Дибиров: Пред да дојдам во Вардар имав понуда од ПСЖ, но не се водам според логиката, туку според чувствата

Во интервју за „Брз центар“, Тимур Дибиров меѓудругото открива дека имал понуда од ПСЖ пред да дојде во Вардар, тогаш францускиот тим беше многу посилен, но Русинот не погреши во одлуката. 

Дибиров во 2013 одлучи да дојде во Вардар кој беше на почетокот на ерата на Самсоненко, додека ПСЖ веќе беше еден од ракометните гиганти и го сакаше Русинот во својот тим.
 
Тимур го одбра Вардар, стана легенда на клубот и два пати ја освои Лигата на шампионите, додека ПСЖ се уште трага по тој трофеј.
 
„Во животот често не се водам според прагматичноста, туку според чувствата. Понекогаш тоа не изгледа многу логично, но секогаш сум се предавал на нив. Кога во 2013 година ја прифатив поканата од Вардар, исто така имав контакт со ПСЖ. Одлуката да го изберам Скопје е комплетно нелогична во тоа да го изберам Париз. Вардар во тоа време се уште беше далеку од ова што е денес, а Хансен и Абало веќе играа за ПСЖ. Но јас мислев дека подобро е да отидам во Вардар“, вели Дибиров.
 
„За осум години додека сум во Вардар, добив повеќе од една понуда за преселба во друг клуб, сите тие беа од одлични клубови. Но ми се допаѓа Скопје и среќен сум тука“.
 

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе