СЕХА фајнл-фор

Дибиров: Овој тим знае кога да даде 100, а како 120 отсто

Тимур Дибиров вели дека фајнл-фор натпреварите се поинакви од обичните мечеви, знае дека нема да биде лесно но верува во добар настап во Задар. 

Пред новиот Вардар е првиот голем тест, фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата кој од утре до недела се игра во Задар. Македонскиот тим утре со почеток од 20:30 часот игра против Загреб.
 
„Што е разликата од овој фајнл-фор во однос на претходните? Уште прв пат кога играв во 2014, на првиот фајнл-фор, и тогаш не мислев дека сме фаворити или аутсајдери. Турнирот е многу поразличен е регуларниот дел. Разликата е што оваа екипи знае кога треба да даде 100 отсто а кога 120 отсто од себе. Сега ситуацијата е поразлична, сите очекуваат повеќе од тоа што го покажавме. Не сакам да се правдаме, но кога имате десет нови играчи кои треба да се вклопат, не е лесно. Потребно е време, така беше и со Раул на кој му требаа четири години, не месец или два, па потоа и со Парондо. Полесно е кога ќе промените еден играч, но ние го променивме скоро цел тим“, вели Дибиров.
 
„Очекувам добар настап и од себе и од екипата. Знаеме зошто сме тука, знаеме кои ни се задачите од клубот и сакаме да ги реализираме. Не можеме да се воиграме до септември или октомври, но важно е со мали чекори да одиме напред. Не треба да летаме во облаци, ова е тежок период кој мора да го поминеме. И Загреб е во слична ситуација како нас, го променија тренерот, имаат нови играчи, го сменија костурот на тимот. Помеѓу себе ќе играат две екипи кои го бараат своето ново лице, па ќе видиме кој побрзо успеал да го стигне тоа“.
 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе